Ресурси
Програма за обука за методологијата
за раскажување приказни наменета за младински работници, едукатори и социјални работници кои работат со млади лица со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје
Овој едукативен ресурс ќе содржи насоки и практични стратегии за развој на методологија за дигитално раскажување приказни. Програмата за обука ќе биде наменета за едукатори, социјални работници и младински работници и организации кои работат со млади со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје.
Пилотирање и развој на колективни приказни
од младите со развојна попреченост и нарушувања на менталното здравје
Овој ресурс ќе биде резултат на пилот активноста со 20 едукатори, социјални работници и младински работници во секоја земја партнер, што ќе обезбеди клучни повратни информации за дефинирање на материјалот за обука. Покрај тоа, овој ресурс ќе прикаже збирка од најмалку 14 приказни како резултат на вклученоста на 2 млади луѓе од секоја земја кои имаат пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје и ќе ја почувствуваат користа од методот за раскажување приказни како посебен пристап
Развој на платформа за обука и хостинг
Развиена од проектни партнери
Програмата за обука за методологијата за раскажување приказни и прибраните колективни приказни ќе бидат поставени на платформа за обука и хостинг. Платформата ќе биде развиена од проектните партнери и ќе биде достапна на сите јазици на партнерите. Платформата ќе претставува важен центар за обука на професионалци кои работат со младите со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје, а истите тие млади ќе можат да ги слушнат приказните на своите врсници и да ги споделат своите во безбедна онлајн средина.
Препораки и водич за користење
на раскажувањето како начин за комуникација и опоравување за време и по пандемијата
Документи со препораки на национално и европско ниво за унапредување на употребата на методот на раскажување приказни како начин на опоравување и комуникација за младите со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје. Препораките ќе се засноваат на резултатите и исходите од проектот и тие ќе ги идентификуваат најдобрите практики, методологии и активности за унапредување на користењето на методот на раскажување приказни за оваа целна група.