Платформа

Оваа платформа е виртуелна средина каде што едукаторите, социјалните работници и младинските работници ќе имаат пристап до тренинг програмата за обука за раскажување приказни и практични совети за тоа како да се користи раскажувањето на приказни како методологија за исцелување и комуникација. Платформата исто така е развиена за младите со пречки во развојот и други нарушувања на менталното здравје. Младите можат безбедно да се движат низ приказните на нивните врсници и во исто време, да ги прикачуваат своите лични приказни и искуства.

Платформата ќе биде и средство за подигнување на свеста за посебните потешкотии со кои се соочуваат младите со пречки во развојот и други нарушувања на менталното здравје за време на пандемијата.

Also available in: