StoryLiving
Enabling youth with developmental disabilities & mental health disorders to share their COVID-19 experiences through digital storytelling
Проектот „StoryLiving: Овозможување на млади со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје да ги споделат нивните искуства од КОВИД-19 преку дигитално раскажување“ (Eразмус + – KA2: Стратешко партнерство |млади) има за цел да ги надмине предизвиците со кои се соочија младите со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје за време на КОВИД-19 пандемијата преку дигитално раскажување приказни.
Проектот StoryLiving го промовира раскажувањето приказни како метод за надминување и процесирање емоции, стравови, трауми, изолација и пребродување на тешкотиите од пандемијата кај младите и нивните семејства.
Целите на StoryLiving се:
Да им се помогне на младите со АСД /аутистичен спектар на нарушувања и нарушувања на менталното здравје да се справат со негативните ефекти од пандемијата;
Да се поддржат младинските тренери, едукатори и социјални работници во унапредување на нивните капацитети за користење на методот на раскажување приказни во нивната работа;
Да се зајакне социјална вклученост на младите со АСД /аутистичен спектар на нарушувања и нарушувања во менталното здравје преку користење на методот на раскажување;
Да се подигне свеста за посебни прашања со кои што се соочуваат младите со АСД /аутистичен спектар на нарушувања и нарушувања на менталното здравје;
Активности
Конзорциумот ќе спроведе истражување за да ги идентификува добрите практики од користењето на дигитално раскажување приказни и останати практики усвоени за време на КОВИД-19 пандемијата.
Истражувањето ќе помогне во развојот на водич и практични стратегии за институциите и организациите кои работат со младите со АСД и нарушувањa на менталното здравје со цел да им помогне во усвојувањето на методот на дигиталното раскажување на приказни како алатка за комуникација и опоравување.
Насоките и практичните стратегии ќе се содржат во програмата за обука за едукатори, социјални и младински работници кои работат со оваа целна група. Обучениот професионалец, ќе вклучи најмалку две млади лица кои што имаат АСД и нарушувања на менталното здравје и ќе ги приберат нивните искуства и приказни преку научената методологија. Проектот исто така ќе развие онлајн платформа за учење на далечина и хостинг, која ќе ги вклучува модулите за обука и собраните приказни и притоа ќе им се овозможи на корисниците да поставуваат свои приказни. На крајот, сите партнери ќе изработат препораки на национално и европско ниво за унапредување на употребата на методот на раскажување приказни.
Ресурси
Програма за обука за медотодот на раскажување приказни за младински работници, едукатори и социјални работници кои работат со младите со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје
Пилотирање и развој на колективни приказни од младите со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје
Развој на платформа за тренинг и хостирање
Препораки и водич за користење на методот на раскажување приказни како начин за комуникација и опоравување за време и по пандемијата