За Проектот

Пандемијата од КОВИД-19 имаше значително влијание врз менталното здравје на населението во Европа. Социјалните ограничувања, чувството на неизвесност за иднината и ширењето застрашувачки вести ги погодија младите, зголемувајќи го нивното ниво на анксиозност, стрес и депресија. Особено, младите кои живеат со аутистичен спектар на нарушувања (АСД) и други нарушувања на менталното здравје и доживеаја поголемо зголемување на анксиозноста поради наглата промена во нивната секојдневна рутина, тешкотијата за пристап до терапија и специјални образовни услуги. Во повеќето случаи, родителите станаа нивни единствени негуватели.

Проектот „StoryLiving: Овозможување на млади со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје да ги споделат нивните искуства од КОВИД-19 преку дигитално раскажување“ ко-финансиран од Европската комисија преку Еразмус + – KA2: Стратешко партнерство за  образование за млади– има за цел да ги надмине предизвиците низ кои младите со пречки во развојот  и нарушувања на менталното здравје се соочуваат во текот на пандемијата преку употреба на методот на дигитално раскажување приказни.StoryLiving го промовира  раскажувањето како метод за надминување и процесирање на емоции, стравови, трауми и изолација и за одржување на процесот на опоравување  од последиците од пандемијата кај младите и нивните семејства.Крајната цел на StoryLiving која е менталната благосостојба на младите со пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје, воедно придонесува и за постигнување на 11-те европски младински цели (2019-2027), особено на целта #5 Ментално здравје и благосостојба.

Целите на StoryLiving се:

Да им се помогне на младите со АСД /аутистичен спектар на нарушувања и нарушувања на менталното здравје да се справат со негативните ефекти од пандемијата;

Да се поддржат младинските тренери, едукатори и социјални работници во унапредување на нивните капацитети за користење на методот на раскажување приказни во нивната работа;

Да се зајакне социјална вклученост на младите со АСД /аутистичен спектар на нарушувања и нарушувања во менталното здравје преку користење на методот на раскажување;

Да се подигне свеста за посебни прашања со кои што се соочуваат младите со АСД /аутистичен спектар на нарушувања и нарушувања на менталното здравје;

Активности

Конзорциумот ќе спроведе библиографско и теренско истражување кое ќе вклучи едукатори, социјални и младински работници кои работат со млади со АСД /аутистичен спектар на нарушувања и нарушувања на менталното здравје за да ги идентификува добрите практики во употребата на дигитално раскажување приказни и други практики за инклузија усвоени во текот на пандемијата КОВИД-19.Истражувањето ќе помогне во развојот на водич и практични стратегии за институциите и организациите кои работат со млади со АСД и нарушувања на со менталното здравје за да ги поддржат во усвојувањето на дигиталното раскажување приказни како алатка за комуникација и опоравување.Водичот и практичните стратегии ќе се содржат во програмата за обука развиен за едукатори, социјални работници и младински работници, кој ќе биде пробно тестиран со 20 професионалци во секоја земја партнер. Обучениот професионалец ќе вклучи најмалку 2 млади лица со АСД и нарушувања на менталното здравје и  ќе ги приберат нивните приказни преку научената методологија. Притоа ќе се развие онлајн платформа за учење на далечина и хостирање со користење на Систем за управување со учење (LMS) кој ќе ги вклучува модулите за обука и собраните приказни и ќе им овозможи на корисниците да поставуваат свои дигитални приказни. На крајот, сите партнери ќе изработат брошура со препораки на национално и европско ниво за унапредување на употребата на методот на раскажувањето приказни како начин за опоравување и комуникација.

Целни групи

младите со АСД , други пречки во развојот и нарушувања на менталното здравје.

w

Едукатори, социјални работници, младински работници кои работат со младите со АСД, други пречки во развојот и нарушување на менталното здравје